Bosch Professional GTA 3800 Original Instructions Manual page 95

Hide thumbs Also See for Professional GTA 3800:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
Постојат различни начини за тоа како индивидуалните
потпори со валјак може да се распоредат на основата на
предметот за обработка со помош на внатрешна навојна
прачка.
– Подредете ги поединечните делови како сакате и
вметнете ја внатрешната навојна прачка преку
валјакот и основата на предметот за обработка (1).
– Зацврстете ги заедно сите делови.
Монтирање на основата на предметот за обработка
(види слика B2)
– Олабавете ги копчињата за фиксирање (3) и
повлечете ги малку нанадвор продолжетоците на
масата на двете страни на работната маса (2).
– Вметнете ги основите на делот за обработка (1) лево и
десно на горниот жлеб на работната маса или на
продолжетокот на маса.
– Граничниците за должина (8) мора да покажуваат кон
нанадвор.
– За фиксирање на основата на предметот за обработка
затегнете го копчето за фиксирање (6).
Подготовка на работната маса
Подготовка на сетовите за прифат (види слики C1−C4)
– За заклучување на сетовите за прифат (4) притиснете
на копчињата (16) и отворете ја рачката (17).
– Измерете го растојанието x меѓу отворите за монтажа
на Вашиот електричен алат.
– Позиционирајте ги сетовите за прифат (4) на средина
на работната маса и на соодветното растојание x едни
од други.
– Повторно затворете ги рачките (17). Со тоа се
фиксираат сетовите за прифат на работната маса.
Поставување на работна маса (види слика D)
– Поставете го електричниот алат во транспортна
позиција. Напомената за транспортна позиција ќе ја
најдете во упатството за користење на соодветниот
електричен алат.
– Позиционирајте ги лизгачките навртки (18) во
сетовите за прифат соодветно на отворите за монтажа
на електричниот алат.
– Со помош на испорачаниот клуч за втиснување (14)
прицврстете ги сетот за прифат и електричниот алат со
завртките со внатрешна шестаголна глава и
подлошките од сетот за прицврстување (19).
Употреба
Совети при работењето
Секогаш држете го добро делот што се обработува,
особено долгите, тешки делови. Откако ќе го пресечете
делот што го обработувате, тежиштето може да се
помести во неповолна позиција и работната маса може да
се преврти.
Bosch Power Tools
Не ја преоптоварувајте работната маса. Почитувајте ја
максималната подносливост на работната маса.
Подготовка на подлогата на делот за
обработка
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Поставување на висината на основата на делот за
обработка (види слика E)
– Поставете го делот за обработка на масата за сечење
на електричниот алат.
– Олабавете го копчето за фиксирање (5) и прилагодете
ја висината на потпората со валјак (7) така што делот
за обработување ќе налегне право.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање.
Сечење делови со еднаква должина (види слика F)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите граничникот за должина (8).
– Повлечете го граничникот за должина (8) нагоре
додека не се вклопи.
– Позиционирајте ја основата на предметот за
обработка (1) на саканото растојание до сечилото за
пила на електричниот алат.
– За вметнување на граничникот за должина (8)
навалете го граничникот за должина навнатре и
притиснете го надолу.
Продолжување на работната маса (види слика G)
Работната маса може да се продолжи од двете страни.
– За стабилизирање на работната маса при обработка на
долги и тешки делови за обработка, продолжетокот за
масата може да го потпрете (2) со потпорна
ногарка (13).
– Поставете го подолгиот дел за обработка на масата за
сечење на електричниот алат.
– По потреба олабавете го соодветното копче за
фиксирање (3) и повлечете го продолжетокот за
маса (2) до саканото растојание.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање.
Монтажа на опрема
Потпорна ногарка за потпирање на продолжетокот за
масата (види слика H)
За стабилизирање на работната маса при обработка на
долги и тешки делови за обработка, продолжетокот за
масата може да го потпрете (2) со потпорна ногарка (13).
Потпорната ногарка (13) може да ја прицврстите лево
или десно на работната маса.
– Олабавете го копчето за фиксирање (3) и повлечете го
малку нанадвор продолжетокот на масата (2), кој
треба да биде потпрен.
– Вметнете ја главата за завртување (13) во
внатрешниот жлеб на продолжетокот на масата (2).
– Прицврстете ја потпорната ногарка (13).
Македонски | 95
1 609 92A 6JA | (06.09.2021)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

3 601 m24 001

Table of Contents