Philips Viva HR2333 Manual page 39

Hide thumbs Also See for Viva HR2333:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
-
Никогаш немојте да посегнувате во комората за мешање кога апаратот е приклучен во штекер.
-
За да спречите краток спој или електричен удар, немојте да сипувате вода или друга течност на
екранот.
-
Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, проверете дали напонот наведен на
долната страна на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
-
Пред да го вметнете приклучокот во ѕидниот штекер, проверете дали уредот е правилно
склопен.
Внимание
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред
склопување, расклопување, складирање или чистење.
-
Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба
во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели,
угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
-
Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со
храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
-
Никогаш не користете додатоци или делови од други производители што не се препорачани
од Philips. Доколку користите вакви додатоци или делови, вашата гаранција ќе престане да
важи.
-
Немојте да го користите апаратот на нестабилна или нерамна површина.
-
Апаратот користете го само за неговата предвидена намена како што е прикажано во
упатството за користење.
-
Не надминувајте ги количините и времињата на обработка наведени во табелата.
-
За да го продолжите работниот век на апаратот, ви препорачуваме да го запрете уредот на
15 минути, доколку сте го користеле 45 минути без прекин.
-
Доколку планирате да го користите апаратот без прекин, чистете го дискот за обликување со
испорачаниот алат за чистење по секоја употреба. За полесно чистење, дискот за обликување
немојте директно да го потопувате во вода.
-
Никогаш немојте да го чистите апаратот со сунѓери за триење, абразивни средства за чистење
или со агресивни течности како бензин или ацетон.
-
Не ставајте помалку од 200g или повеќе од 400 g брашно во комората.
-
Ниво на бучава: LC - 73 dB (A)
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се однесуваат на
изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата
(2012/19/EU). (Сл. 1)
-
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и
електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните
последици по животната средина и човековото здравје.
Гаранција и поддршка
Ако ви е потребно сервисирање или информации или имате проблем, посетете ја веб-страницата
на Philips на www.philips.com/support или обратете се на центарот за корисничка поддршка
на Philips во вашата земја. Телефонскиот број се наоѓа во меѓународниот гарантен лист. Ако во
вашата земја нема центар за корисничка поддршка, контактирајте со локалниот продавач на
производи од Philips.
39

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Viva hr2334Viva hr2335Viva hr2345Viva hr2335/11

Table of Contents