За да се избегнат проблеми предизвикани од ненадејни
промени во притисокот во системот за снабдување, се
препорачува да се монтира контролен вентил спротиводно
од апаратот.
Доколку постои ризик од замрзнување:
▶ Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
▶ Испуштете ја водата од апаратот ( поглавје 4.6).
5.5
Испусен вентил
▶ Инсталирајте го сигурносниот вентил за притисок на
доводниот приклучок за вода на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од материјална штета!
▶ Никогаш не попречувајте ја цевката за вентилација на
сигурносниот вентил за притисок.
▶ Никогаш не инсталирајте додатоци помеѓу сигурносниот
вентил за притисок и доводниот приклучок за ладна вода
(десно) на електричниот бојлер.
Ако притисокот на доводот за вода е помеѓу 1,5 и 3 bar, не е
потребно да се инсталира вентил за намалување притисок.
Ако притисокот кај доводниот приклучок за вода е над овие
вредности, потребно е:
▶ да инсталирате вентил за намалување на притисокот
(сл. 11, [4]). Сигурносниот вентил за притисок ќе се
активира секогаш кога притисокот на водата во
апаратот е над 8 bar (± 1 bar), поради што е потребно да
се испланира начин за испуштање на оваа вода.
▶ инсталирате екпанзионен сад (сл. 11, [7]) за да
спречите често отворање на сигурносниот вентил за
притисок. Волуменот на експанзиониот сад треба да
биде еквивалентен 5 % на волуменот на апаратот.
Tronic 4000 T – 6721843807 (2022/06)
Електрично поврзување (само за овластени изведувачи)
6
Електрично поврзување
(само за овластени изведувачи)
Општи информации
ОПАСНОСТ
Ризик од струјни удари!
▶ Исклучете го напојувањето пред да изведувате каква
било работа на уредот.
Целата опрема за регулирање, контрола и безбедност на
уредот е фабрички поврзана и се испорачува подготвена за
работа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Удар од гром!
▶ Уредот мора да има посебна врска во разводната кутија
и да биде заштитен со прекинувач за дефект на струја од
30-mA и со заземјување. Исто така, мора да се обезбеди
уред за заштита од гром во области каде што често
удира гром.
6.1
Поврзување на кабелот за напојување
Електричното поврзување мора да се изведе согласно
применливите прописи за електрични системи во станбени
градби.
▶ Мора да има заземјување.
▶ Користете штекер со заземјување при поврзувањето со
електричната мрежа.
167