Bosch UniversalRotak 650 Original Instructions Manual page 116

Table of Contents

Advertisement

116 | Македонски
машината внимавајте во густата трева да нема скриени
диви или домашни животни, како ни стебла.
Ракување
Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се
u
запознаени со овие инструкции да го користат уредот.
Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте го производот вон дофат на деца
кога не го употребувате.
Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
u
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
u
уредот.
Никогаш не употребувајте го уредот во близина на
u
лица, а посебно деца и животни.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
u
луѓе или имот.
Не користете отворени гумени обувки ниту сандали
u
кога го користите уредот. Носете крути обувки и долги
пантолони. Никогаш немојте да го користите уредот
боси.
Детално прегледајте го теренот каде што ќе ја
u
користите косачката и отстранете ги сите камења,
стапови, жици, коски и други предмети.
Секогаш пред употреба проверете да не се оштетени
u
или истрошени сечилата, носачите на сечилата или
склопката за сечење. Заменете ги истрошените или
оштетените сечила и носачи за да ја одржите
рамнотежата на косалката.
Косете само по дневна светлина или под добро
u
осветлување.
Избегнувајте косење при лоши временски услови, на
u
пример кога постои ризик од грмотевици.
По можност, не употребувајте ја косачката на влажна
u
трева.
Одете полека, не трчајте.
u
Не користете ја косачката со оштетени штитници или
u
браници, или без заштитна опрема, на пример
соодветен штит или контејнер за трева.
Препорачуваме да носите слушалки за заштита на
u
слухот.
Не употребувајте го уредот ако сте болни или под
u
влијание на алкохол, дрога или лекови.
Употребата на косачката на коси површини може да биде
опасно:
– Не косете на премногу стрмни падини.
– На коси површини или на влажна трева обезбедете
стабилен и сигурен чекор.
– На коси површини секогаш косете лево-десно, а
никогаш горе-долу.
– Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката
на косењето.
1 609 92A 5W8 | (31.01.2023)
Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја
u
влечете косачката.
Не косете влечејќи ја косачката кон себе.
u
Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете
u
машината, преку површини коишто не се трева и кога
ја носите машината до и од местото на косењето.
Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека
u
моторот работи.
Моторот исклучувајте го стоејќи со стапалата подалеку
u
од ротирачките сечила.
Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките
u
делови.
Кога косите, стоите што е можно подалеку од
u
косачката.
Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот
u
работи.
При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на
u
подот со сите 4 тркала.
Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте
u
внимателно со рачката.
Не вршете промени на уредот. Несоодветните
u
модификации може да влијаат на безбедноста на
Вашиот уред, предизвикувајќи зголемена бучава и
вибрации и лоши перформанси.
Периодично проверувајте го напојниот кабел и
u
продолжниот кабел којшто го користите. Не
поврзувајте ја косалката на напојна мрежа со
оштетени кабли. Доколку кабелот е оштетен, не
допирајте го додека е приклучен на струја. На
оштетениот кабел може да се дојде во допир со голи
проводници. Чувајте се од струјни удари.
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така проектирано, за со
него да можат да се собираат есенски суви лисја. За да се
постигне максимален ефект на оваа функција, направете
го следново:
– Собирајте лисја при подесеност на максимална висина
на косење.
– Собирајте лисја само на тревник.
– Пред да почнете со собирање на лисјата, прегледајте
на теренот да нема луѓе, животни, предмети од стакло
и автомобили.
Извлечете го кабелот од утикачот:
– Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по
оштетување прегледајте ја машината и извршете ги
неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано
(проверете веднаш).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents