Bosch Professional GLI 18V-1900 Original Instructions Manual page 80

Hide thumbs Also See for Professional GLI 18V-1900:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 9
80 | Македонски
(8)
Рачка за носење
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски светилки
Број на дел
Номинален напон
Времетраење на
светлината, околу
Макс. вкупен светлосен
флукс
Препорачана околна
температура при полнење
Дозволена околна
температура при
A)
работење
и при
складирање
Препорачани
акумулаторски батерии
Препорачани полначи
A) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
Монтажа
Полнење на батеријата (опрема)
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
совпаѓаат со литиум-јонската батерија што се користи
за вашата батериска светилка.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е испразнета, батериските светилки се
исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската
u
светилка не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали
батериската светилка е изладена пред повторно да ја
вклучите.
За да ја извадите батеријата (3) притиснете на копчињата
за отклучување (2) и извлечете ја батеријата од
батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.
1 609 92A 7NS | (21.04.2022)
GLI 18V-1900
3 601 D46 4..
V=
18
min/Ah
50
Im
1 900
°C
0 ... +35
°C
–20 ... +50
GBA 18V...
ProCORE18V...
GAL 18...
GAX 18...
GAL 36...
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Ставање на батеријата
Ставете ја наполнетата батерија (3) во главата на
светилката (4), додека не се вклопи и не налегне на
главата на светилката.
Поставување
Внимателно расклопете ја основата (5) и оставете ја
батериската светилка на подот. Внимавајте да биде
безбедно поставена.
Прицврстување на статив
Со прифатот за статив (7) може да ја завртите
батериската светилка на статив.
Поврзете ја батериската светилка цврсто со стативот.
Осигурајте се дека батериската светилка нема да може да
се олабави и/или да падне.
Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.
Вртење на главата на светилката (види слика A)
Главата на светилката (4) е прицврстена на рачката за
носење (8). Главата на светилката може да се постави во
пет позиции со помош на рачката за носење.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка,
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1).
За да ја исклучите батериската светилка, одново
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1).
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (1), за да ја вклучите батериската светилка
со максимална осветленост. За подесување на
осветленоста во 2 степени, држете го притиснат
прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не
се постигне саканата осветленост.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При пречекорување на дозволената оперативна
температура, батериската светилка се исклучува.
Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно
вклучете ја.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents