Philips 9290026815 User Manual page 28

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
MK
Предупредување:
Ризик од струен удар
Внимавајте на следново:
1.
Производот мора да биде монтиран од страна на производителот или на професионално квалификувано лице.
Корисникот не смее самиот да го монтира поради безбедносни причини.
2.
Таванскиот вентилатор не смее да се монтира на разводната кутија или таванска шина за закачување, а областа каде
што се закачува мора да има носивост од најмалку 60 kg.
3.
За да се избегнат лични повреди, перките треба да се монтираат на висина од најмалку 2,3 m над земјата, а
најоддалечениот раб од перките на вентилаторот треба да биде оддалечен најмалку 0,5 m од ѕидот (кога се растегнати).
4.
Производот се придушува САМО со доставениот потенциометар. Не поврзувајте со дополнителен потенциометар.
5.
Извор на светлина што се заменува од страна на професионалец (само LED): LED изворот на светлина содржан во ова
светлечко тело треба да го заменува само производителот или негов сервисер или слично квалификувано лице.
6.
На крајот за влезното напојување на производот, мора да се монтира прекинувач за исклучување на сите полови,
со контакт поголем од 3 mm (Исклучување на сите полови: N-L може да се исклучи истовремено. Го обезбедуваат
корисниците).
7.
Овој уред може да се користи од страна на деца на возраст од 8 години и постари, и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или се
упатени во врска со користењето на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности. Деца не смеат да
си играат со уредот. Деца не треба да го чистат и одржуваат уредот без надзор.
8.
Се препорачува да ги проверувате поврзаните делови најмалку еднаш годишно, на пример вкрстената игла, рамката
на перките, завртката за поврзување и перките на вентилаторот итн. за да се осигурите дека поврзувањето сѐ уште е
безбедно и сигурно.
9.
Редовното чистење може да ја одржува површината чиста и сјајна. Се препорачува мека четка или крпа за
отстранување прашина за да се избегне оштетување на површината. Кога отстранувате масло или наслаги, бришете со
малку навлажнета крпа, но не плакнете со вода.
10.
Лежиштето на моторот на вентилаторот е намачкано со маст. Немојте дополнително да додавате масло за
подмачкување.
11.
Овој производ содржи извор на светлина со класа за енергетска ефикасност E
Дрвен таван
Бетонски таван
Повторно кодирање
Забелешка: кога производот се испорачува од фабриката, кодирањето на далечинскиот управувач е завршено и може да се користи
без спарување. Кога го заменувате далечинскиот управувач или двигателот на моторот, тој треба повторно да се спари.
1
Исклучете ја струјата 5 минути.
2
Притиснете го копчето Вклучено/исклучено 8 пати, секој пат во траење од 1 секунда. Кога светлото ќе трепне и не се слуша
„титкање", процесот на спарување започнува.
3
Притиснете ги копчињата за „Средна" и „Ниска" брзина истовремено во траење од 3 секунди. Ќе се слушне „титкање" кога
спарувањето ќе биде успешно. Во спротивно, исклучете го напојувањето и почекајте 1 минута пред да ја повторите горната
операција.
Предупредување
За да се спречат несреќни случаи со пожар и струен удар, забрането е монтирање и
користење електрични додатоци што не се доставени со овој производ!
Исклучете ја струјата пред да монтирате, расклопувате, одржувате или чистите
за да се избегнат лични повреди!
Ако се забележи невообичаено осцилациско движење, веднаш престанете да
го користите плафонскиот вентилатор и контактирајте го производителот,
неговиот продажен агент или соодветни квалификувани лица.
1. Вклучено светло
2. Исклучено светло
3. ~ Ниска, ≈ Средна, Висока брзина на вентилатор
4. Исклучен вентилатор
5. Тајмер
6. Вклучена/исклучена светилка
28

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

929002681692900268179290026818

Table of Contents