Bosch Professional GMS 120 Original Instructions Manual page 279

Digital detector
Hide thumbs Also See for Professional GMS 120:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 19
Процес на мерење
Поставете го мерниот уред на подлогата којашто треба да ја пребарате и движете го
во правец B.
– Ако мерниот уред се приближува, отчукувањата на мерниот приказ (i) се
зголемуваат и светлечкиот прстен (1) свети жолто.
– Ако мерниот уред се оддалечи од предметот, тогаш отчукувањата се намалуваат.
– Над средината на некој предмет мерниот приказ покажува максимално
отчукување; светлечкиот прстен (1) свети црвено и се слуша звучен сигнал.
Кај мали или длабоко поставени предмети, светлечкиот прстен (1) може да
продолжи да свети жолто, а звучниот сигнал изостанува.
Пошироките предмети нема да се прикажат во целосна ширина со
u
светлечкиот прстен одн. сигналниот тон.
За попрецизно да го лоцирате предметот, движете го мерниот уред напред-назад
(3×) над предметот. Во сите режими на работа автоматски се активира фината
скала (j). Фината скала покажува целосно отчукување, ако предметот е под
средината на сензорот или ако се достигне максималното отчукување на мерниот
приказ (i). Дополнително во режимите на работа Сува градба и Метал свети
приказот на средината на предметот CENTER (k).
Пошироките предмети во подлогата се препознаваат со трајно, високо отчукување
на мерниот приказ (i) и на фината скала (j). Светлечкиот прстен (1) свети жолто.
Времетраењето на високото отчукување одговара на ширината на предметот.
Доколку се пребаруваат многу мали или длабоко поставени предмети, а мерниот
приказ (i) отчукува само малку, поминете со мерниот уред неколку пати
хоризонтално и вертикално над предметот. Внимавајте на отчукувањето на фината
скала (j) и на режимите на работа Сува градба и Метал дополнително во приказот на
средината на предметот CENTER (k), коишто овозможуваат прецизно лоцирање.
Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба да се заштитите од
u
опасности и со помош на други извори на информации. Бидејќи на мерните
резултати може да влијаат околните влијанија или составот на ѕидот, постои
опасност, иако мерниот приказ (i) не покажува предмет во полето на сензорот
(не се слуша звучен сигнал и светлечкиот прстен (1) свети зелено.
Начини на работа
Со правилното избирање на режимот на работа ќе постигнете најдобри мерни
резултати. Максималната длабочина на регистрирање на метални предмети ќе ја
постигнете со режимот на работа Метал. Максималната длабочина на регистрирање
за струјни кабли, ќе ја постигнете со режимот на работа Струен кабел.
Bosch Power Tools
Македонски | 279
1 609 92A 7LE | (07.04.2022)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents