Bosch Professional GMS 120 Original Instructions Manual page 280

Digital detector
Hide thumbs Also See for Professional GMS 120:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 19
280 | Македонски
Избраниот режим на работа може да се препознае во секое време со приказот за
режим на работа (4).
Режим на работа Сува градба
Режимот на работа Сува градба е најпогоден за пронаоѓање на дрвени и метални
предмети во ѕидови од сува градба.
Притиснете на копчето за режим на работа Сува градба (11), за да го активирате
режимот. Приказот за режим на работа (4) свети зелено на копчето за режим на
работа Сува градба.
Веднаш штом го поставите мерниот уред на подлогата којашто треба да се пребара,
светлечкиот прстен (1) светнува зелено и сигнализира подготвеност за мерење.
Со режимот на работа Сува градба ќе се пронајдат и прикажат сите достапни
предмети коишто се:
(c)
неметални, на пр. дрвени греди
(d)
немагнетизирани, но метални, на пр. бакарни цевки
(e)
магнетизирани, на пр. армирано железо
(f)
спроведуваат кабел, на пр. струјни кабли
Напомена: Со режимот на работа Сува градба покрај дрвените и металните
предмети, како и струјни кабли, ќе се прикажат и други предмети, на пр. пластични
цевки со вода. На екранот за овие предмети ќе се појави приказот за неметални
предмети (c).
Шајките и завртките во подлогата може да доведат до тоа, дрвените греди да се
прикажат како метални предмети.
Ако на екранот се појави трајно, високо отчукување на мерниот приказ (i) и на
фината скала (j), тогаш рестартирајте го мерниот процес, при што ќе го поставите
мерниот уред на друго место на подлогата.
Доколку светлечкиот прстен (1) не сигнализира подготвеност за мерење при
поставувањето на подлогата којашто треба да се пребара, можно е мерниот уред да
не ја препознава правилно подлогата.
– Притискајте на копчето за режим на работа Сува градба (11), додека светлечкиот
прстен (1) не светне зелено. Потоа спроведете го мерењето вообичаено.
Ако по завршување на ова мерење сакате да започнете нов мерен процес на друг
ѕид, тогаш кратко притиснете на копчето за режим на работа Сува градба (11), за
да се ресетира мерниот уред.
– Во ретки случаи мерниот уред може да не ја препознае подлогата, бидејќи
задната страна со полето на сензорот (13) е нечиста. Исчистете го мерниот уред
со сува, мека крпа и одново стартувајте го мерниот процес.
1 609 92A 7LE | (07.04.2022)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents