AEG BPS18-254BL Original Instructions Manual page 191

Hide thumbs Also See for BPS18-254BL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Оштетување на респираторниот систем. Носете маска за
заштита на респираторниот систем, која содржи филтери
соодветни на материјалите кои се обработуваат. Погрижете
се да има адекватна вентилација на работното место.
Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот
простор.
• Оштетување на слухот доколку не се носи заштита за ушите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Правот од некои бои, премази и
материјали може да предизвика иритација или алергиски
реакции. Правот од дрво како на пр. од даб, бука, MDF, и други
се карциногени. Со мaтеријалите кои содржат азбест треба да
работат само квалификувани специјалисти оператори.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Од долготрајната употреба на алатката
може да дојде или да се влошат повредите. Кога користите
некола алатка подолго време, погрижете се да користите
редовни паузи.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ПРОИЗВОДОТ
Види страна A.
1. Рачка, изолирана
површина за фаќање
2. Ласерски прекинувач
3. LED-прекинувач
4. Сечило за пила
5. LED-светилка
6. Копче за блокирање на
вретеното
7. Прекинувач за
вклучување
8. Рачка за отклучување на
долен заштитник
9. Горен заштитник
10. Ласерска водилка
11. Долен заштитник
12. Монтажен отвор
13. Десен лизгачки граничник
14. Продолжна шина
15. Десен лизгачки граничник
16. Налепница „Зона без
раце"
17. Копче за блокирање на
аголот
18. Рачка за блокирање за
ротациона плоча
19. Педал за балансирање
20. Плоча со засеци
21. Аголна скала
22. Ротациона плоча
СПИСОК НА ДЕЛОВИ ЗА ЗАМЕНА
• BPS18-254 BL: Пила за отсекување, влечење и аголна пила
EN 847-1/ ø254 x ø30 x 2,2 / 48T / HW / n макс. 7400 min-1
(страна A: No. 4)
• Плоча со засеци (страна A: No. 20)
23. Подлога на пилата
24. Клуч за листот
25. Неподвижен граничник
26. Лев лизгачки граничник
27. Стега
28. Скала за косина
29. Граничник за длабочина
30. Болцна за блокирање на
главата
31. Контролно копче за
длабочина
32. Копче за регулирање на
лизгачкиот граничник
33. Лизгач
34. Ќесе за прав
35. Рачка за носење
36. Акумулатор
37. Копче за регулирање на
лизгачкиот граничник
38. Копче за блокирање на
наклонот
39. Единичен/двоен селектор
на наклон
40. Завртки за неподвижниот
граничник
41. Стоп-завртка за 0° наклон
42. Завртка за регулирање на
десен агол на наклонот
43. Завртка за регулирање на
лев агол на наклонот
БАТЕРИИ
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од
GBS систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да
не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до
Вашето шпедитерско претпријатие.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр.
екстремно висок број на вртежни моменти, заглавување
на оперативната алатка, нeoчекувано сопирање или краток
спој, електричната алатка прекинува со работа и по 2 секунди
автоматски се исклучува.
За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и
заменете го.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од
приказот за полнење сè додека батеријата не се излади. По
гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со
работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
Македонски
187
187
Mak

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bps18-254bl-0

Table of Contents