Philips 5000 Series Manual page 123

Hide thumbs Also See for 5000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
-
При складирање на уредот подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете се дека батеријата е наполнета до најмалку
50 %. Складирање на уредот со празна батерија може да доведе до неповратна штета на батеријата.
-
Не дозволувајте моторизираната млазница да поминува преку електричните кабли на други уреди или други кабли бидејќи тоа може
да предизвика опасност (Сл. 1).
-
Не потопувајте го уредот или адаптерот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
-
Држете ги широката облека, косата и деловите од телото подалеку од моторизираните четки.
-
Не покривајте ги и не блокирајте ги отворите за вентилација додека работи уредот.
-
Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја правосмукалката за смукање градежен шут, прав од
цемент, пепел, ситен песок, вар и слични супстанции. Никогаш не користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го оштети
моторот и да го скрати работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите делови на правосмукалката како што е прикажано
во корисничкото упатство. Не чистете ниту еден дел со вода и/или со средства за чистење ако ова не е конкретно прикажано во
корисничкото упатство.
-
Однесете го уредот во овластен сервисен центар на Philips кога веќе не можете да ја наполните или кога брзо се празни.
Внимание
-
При полнењето, адаптерот е топол на допир. Тоа е нормално.
-
Не потпирајте го уредот наспроти ѕид или друг објект, може да падне и да создаде небезбедна ситуација.
-
Не приклучувајте го, откачувајте го и не работете со уредот со мокри раце.
-
Не отстранувајте го адаптерот од ѕидниот приклучок тегнејќи го за кабелот (Сл. ). Кога нема да полните со станицата за полнење,
секогаш исклучувајте го кабелот на уредот со влечење на малиот приклучок од уредот и на адаптерот од штекерот.
-
Секогаш исклучувајте го уредот по користењето и пред да го полните.
-
Никогаш не блокирајте ги отворите за излез на воздухот на задната страна од уредот за време на смукањето.
-
Не мијте ги во машина за миење садови деловите од уредот што може да се отстранат. Овие делови не се соодветни за машини за
миење садови.
-
Не чистете го белиот материјал на држачот на филтерот со нормална правосмукалка или со четка за да се избегне оштетување на
материјалот.
-
Секогаш користете ја правосмукалката со склопен филтер.
-
Кога ќе го чистите филтерот што може да се мие со вода, проверете дали е целосно сув пред да го вратите во држачот за филтер и
садот за прав. Не сушете го сунѓерестиот филтер на директна сончева светлина, на радијатор или во машина за сушење. Не чистете го
држачот за филтер со вода. Овој дел не се мие.
-
Заменете го филтерот ако веќе не може да се исчисти соодветно или ако е оштетен.
-
Никогаш не користете додатоци или делови од други производители или оние што Philips не ги препорачува конкретно. Доколку
користите такви додатоци или делови, вашата гаранција станува неважечка.
-
Осигурете се дека уредот е монтиран со станицата за полнење прикачена на ѕидот според упатствата од Прирачникот за корисникот.
-
Внимавајте кога дупчите дупки во ѕидот за прикачување на станицата за полнење за да се избегне ризикот од електричен удар.
-
Кога овој уред се користи со резервоарот за вода, тој користи вода за чистење, па затоа подот може да биде влажен и лизгав некое
време (Сл. 3).
-
За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте восок, масло или производи за одржување подови или течни средства за чистење
подови што не се растворливи во вода во резервоарот за вода.
-
За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте етерични масла или слични супстанции во резервоарот за вода и не дозволувајте
уредот да ги смука.
-
Не чистете ја металната лента за навлажнување со остар предмет, бидејќи тоа може да ја оштети лентата. Чистете ја лентата за
навлажнување само со плакнење под чешма. Заменете ја лентата за навлажнување кога веќе не можете да ја исчистите.
-
Заменувајте ја лентата за навлажнување само со оригинална лента.
-
За да се гарантираат добри резултати при чистење и соодветно функционирање на уредот и резервоарот со вода, секогаш користете
оригинални влошки за чистење од серијата Philips 5000.
-
Чистете го резервоарот за вода според упатствата. Резервоарот за вода не се мие во машина за садови.
-
По бришење на подовите, не складирајте го уредот со резервоарот за вода прикачен на станицата за полнење. Ако го направите тоа,
влажната влошка за бришење ќе го допре ѕидот и може да дојде до негово оштетување. Секогаш отстранувајте го резервоарот за вода
пред да го складирате уредот.
Безбедносни упатства за батеријата
-
Користете го овој производ само за неговата предвидена намена и следете ги општите и безбедносните упатства за батеријата како
што е опишано во упатствово за користење. Секое неправилно користење може да доведе до електричен удар, изгореници, пожар или
други опасности или повреди.
-
Полнете го уредот само со доставениот адаптер. Користете ја само единицата за напојување што е посочена на плочата со типот на
производот. Соодветниот број на адаптерот може да се најде на самиот адаптер.
-
Оваа икона (
) значи дека се користи единицата за напојување што може да се вади. GS/BS/AR/BR/** во бројот на моделот на
адаптерот преставува верзии за различни земји.
-
Користете го и чувајте го уредот на температура помеѓу 0°C и 35°C
-
Полнете ги уредот или батеријата на температура помеѓу 10 °C и 35 °C.
-
Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина или на високи температури (60 °C) (во близина на врели печки, во
микробранови печки или на индукциски шпорети). Ако се прегреат, батериите можат да експлодираат.
-
Не изложувајте го на оган.
-
Не спалувајте ги.
-
Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips.
-
Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети.
-
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.
-
За да спречите прегревање на батериите или ослободување токсични или опасни супстанции, немојте да ги модифицирате,
продупчувате и оштетувате производите и батериите и немојте да ги кршите, расклопувате, да предизвикувате краток спој, да ги
преполнувате или обратно да ги полните батериите.
-
За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт
со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
-
Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со
вода и побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред е во согласност со важечките стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
123

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Xc504 seriesXc514 series

Table of Contents