Download Print this page

Philips BCR430 Quick Manual page 14

Hide thumbs Also See for BCR430:

Advertisement

2 За да го извадите приклучокот, притиснете го копчето за отпуштање
на задниот дел од уредот (Сл. 8).
Ставање и вадење на дискот за отстранување сува и
груба кожа
1
За да го ставите дискот, притиснете на спојката на главата (Сл. 9).
Погледнете го уредот од страна за да проверите дали дискот е
израмнет со надворешниот обрач на главата.
Ако дискот се ниша кога ќе го вклучите уредот, тогаш дискот не е
поставен правилно. Извадете го дискот и прикачете го правилно.
2 За да го извадите дискот, ставете го палецот во вдлабнатината зад
дискот и притиснете напред додека дискот не се откачи од главата
(Сл. 10).
Вклучување и исклучување на уредот
1
За да го вклучите уредот, притиснете го еднаш копчето за
вклучување/исклучување.
2 Доколку сакате да изберете мала брзина, повторно притиснете на
копчето за вклучување/исклучување.
3 За да го исклучите уредот, притиснете го уште еднаш копчето за
вклучување/исклучување.
Места на користење
Забелешка: Овој уред е наменет да се користи само на стапалата.
Може да го користите дискот за отстранување сува и груба кожа на
три различни начини, зависно од местото или сувата и груба кожа што
сакате да ја отстраните.
1
За третирање големо, рамно место, користете го целиот диск (Сл. 11).
Поставете го дискот рамно на кожата за да имате добра контрола
при користењето.
2 За прецизен третман на помали места и добра видливост на
третираното место (Сл. 12), користете го горниот дел од дискот што
стрчи над врвот од главата (Сл. 13).
3 За прецизен третман и за многу брзо отстранување цврста кожа,
користете го тесниот раб на горниот исфрлен дел од дискот (Сл. 14).
Движете го дискот нежно напред-назад преку кожата што сакате да ја
третирате. Не притискајте пресилно. Ако притискате пресилно, дискот
може да престане да се врти.
Чистење
- Дискот за отстранување сува и груба кожа чистете го со
испорачаната (Сл. 15) четкичка за чистење. Извадете го дискот и
исчистете ја внатрешноста и надворешноста на главата со
четкичката (Сл. 16) за чистење.
- Доколку сакате, може да ги исплакнете дискот за отстранување сува
и груба кожа и внатрешноста на главата за отстранување сува и
груба кожа под млаз вода (Сл. 17). Уредот можете да го чистите со
влажна крпа (Сл. 18).
Совет: Исто така, одвреме-навреме, можете да ги чистите дискот за
отстранување сува и груба кожа и внатрешноста на главата за
отстранување сува и груба кожа со средство за дезинфекција.
Чување
Ако патувате, извадете ја главата за отстранување сува и груба кожа
од уредот. Со тоа се заштитува абразивниот диск, а исто така, се
спречува и предметите во непосредна близина да се оштетат од
абразивниот диск.
Замена
Заменете го дискот за отстранување сува и груба кожа, кога ќе му се
намали ефикасноста. Препорачуваме да го менувате дискот најмалку
еднаш годишно (BCR372).
За да купите додатоци или резервни делови, посетете го
www.shop.philips.com/service или одете кај дистрибутер на Philips. Исто
така, можете да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на
Philips во вашата држава (за детали за контакт погледнете во листот со
светска гаранција).
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја
страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со
меѓународната гаранција.
Ограничување на гаранцијата
Деловите што се подложни на нормално абење (како деловите за
сечење и дисковите за отстранување сува и груба кожа) не се
опфатени со меѓународната гаранција.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не треба да се фрла
заедно со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU) (Сл. 19).
- Овој симбол означува дека овој производ содржи вградена
батерија на полнење која не треба да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (Сл. 20) (2006/66/EК). Однесете го вашиот производ
до официјално место за собирање или сервисен центар на Philips за
да може професионално лице да ја отстрани батеријата на
полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја за посебно
собирање на електрични и електронски производи и батерии на
полнење. Правилното отстранување помага да се спречат
негативни последици за животната средина и здравјето на човекот.
Вадење на батеријата на полнење
Вадете ја батеријата на полнење само кога ќе го фрлате
производот. Пред да ја отстраните батеријата, проверете дали
производот е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е
целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога
ракувате со алати за отворање на производот и кога ја фрлате
батеријата на полнење.
1
Извадете го задниот и/или предниот панел од уредот со
шрафцигер. Отстранувајте ги сите завртки и/или делови сѐ додека
не ја видите печатената плоча со батеријата на полнење.
2 Извадете ја батеријата на полнење.

Advertisement

loading