Електромагнетни Полиња (Emf); Рециклирање; Поедноставена Декларација За Усогласеност На Еу - Philips 4000i Series User Manual

Hide thumbs Also See for 4000i Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога го фрлате филтерот, запечатете го во вреќа за еднократна употреба и следете ги
советите на локалните здравствени власти за ракување со потенцијално заразени површини.
Користете само оригинални филтри од Philips што се специјално наменети за овој апарат.
Немојте да користите други филтри.
Согорувањето на филтерот може да предизвика непоправлива опасност за луѓето и/или да
загрози други животи. Не користете го филтерот како гориво или за слична намена.
Избегнувајте да го удирате апаратот (особено влезот и излезот за воздух) со тврди предмети.
Немојте да ставате прсти или предмети во излезот или влезот за воздух за да спречите
повреди или дефект на апаратот.
Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни средства против инсекти за
внатрешна употреба или на места каде што има остатоци од масло, запален темјан или
испарување на хемикалии.
Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди за греење или
камини.
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите и исчистите и кога
сакате да го замените филтерот или да извршите друг вид на одржување.
Апаратот е наменет за употреба во домаќинства или комерцијални простори. Тој е наменет
за внатрешна употреба во нормални услови на работа.
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинства.
Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања или опкружувања со голема
влажност или со висока амбиентална температура, како на пример во бања, тоалет или кујна
или во просторија со големи температурни промени.
Апаратот не отстранува јаглероден моноксид (CO) или радон (Rn). Тој не може да се користи
како безбедносен уред во случај на несреќи со процеси на согорување и опасни хемикалии.
Препорачаната температура за користење на уредот е од 5 °C до 45 °C, а нивото на
релативна влажност е ≤85 %. Уредот може да престане да работи или да се оштети ако не ги
следите препорачаните нивоа на температура и влажност.
Препорачаниот температурен опсег за складирање на уредот е од -20 °C до 55 °C. Уредот ќе
се оштети ако се складира во екстремни климатски услови што се надвор од опсегот.
Пречистувачите на воздух се само дел од планот за превенција од вируси, тие не
претставуваат самостојно решение против потенцијален пренос на вируси.
Нивото на звучен притисок на емисијата на бучава е под 70 dB(A).
Електромагнетни.полиња.(EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се однесуваат на
изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните
и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните
последици по животната средина и човековото здравје.
Поедноставена.декларација.за.усогласеност.на.ЕУ
На овој начин, компанијата DAP B.V. изјавува дека радио опремата од типот AC3854/AC3858 е
усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ
е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com.
МК
135

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ac3854Ac3858Ac3854/51Ac3858/51

Table of Contents