Bosch GLI 18V-1900 C Professional Original Instructions Manual page 90

Hide thumbs Also See for GLI 18V-1900 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 9
OBJ_DOKU-54076-001.fm Page 90 Tuesday, July 12, 2016 4:06 PM
90 | Македонски
 Пред вклучување на батериската светилка со
помош на Bosch-апликацијата бидете сигурни, дека
има визуелен контакт до батериската светилка и
дека се запазени сите безбедносни мерки.
 Оваа батериска светилка не е наменета за
користење од страна на деца и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или
со недоволно искуство и знаење.
Оваа батериска светилка може да се користи од
деца над 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или со
недоволно искуство и знаење, ако тие се
надгледувани од страна на лице одговорно за
нивната безбедност или се обучени за безбедно
ракување со батериската светилка и ги разбираат
поврзаните опасности. Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
 За носење и израмнување на батериската светилка
користете ја само рачката за носење. Разладното
тело може да се загрее за време на употребата.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
1 609 92A 2SA | (12.7.16)
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Ознаката со зборови
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Употреба со соодветна намена
Батериската светилка е наменета за преносливо,
просторно и временски ограничено осветлување во
внатрешни и надворешни средини и не е наменета за
општо осветлување на простории.
Со специјалниот капак на батеријата, батериската
светилка е отпорна на прав и прскање.
Bluetooth® овозможува, да се користи батериската
светилка со помош на Bosch-апликацијата „Bosch
Toolbox".
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на батериската светилка на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Фиксирање на капакот на батеријата
3 Капак на батеријата
4 Глава на светилката
5 Подножје за стоење
6 Разладно тело
7 Прифат на стативот 5/8"
8 Рачка за носење
9 Завртка за поклопецот од преградата за батерии
10 Поклопец на преградата за батеријата
11 Копчеста батерија (3-волтна литиумска батерија,
CR 2032)
12 Батерија*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
® како и сликите
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents