Важни Безбедносни Упатства - LG F12U2QDN1 Owner's Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важни безбедносни упатства
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица
при користење на производот, треба да се почитуваат основните
безбедносни мерки, вклучително следните.
Монтажа
• Никогаш не обидувајте се да го користите
овој апарат ако е оштетен, ако не
функционира правилно, ако е делумно
расклопен или ако му недостасуваат
делови или пак се скршени, вклучително
и ако му е оштетен кабелот или
приклучокот. Тоа може да предизвика
струен удар или повреда.
• Овој апарат е тежок. За монтирање и
преместување на апаратот, потребни
се двајца или повеќе луѓе. Во
спротивно, може да дојде до повреда.
• Апаратот чувајте го и монтирајте го на
места кај што нема да биде изложен на
температура под точката на замрзнување
или пак кај што ќе биде изложен на
надворешни временски услови. Во
спротивно, може да дојде до протекување.
• Стегнете го одводното црево за да
избегнете откачување. Прскањето
вода може да предизвика струен удар.
• Ако е оштетен кабелот, мора да биде
заменет од производителот или од
негови сервисери, или пак од слично
квалификувано лице, за да се избегне
опасност.
• Апаратот не смее да се монтира зад
врата што се заклучува, врата на лизгање
или врата со шарка наспроти машината
за сушење алишта ако на тој начин се
спречува целосното отворање на вратата
од машината за сушење алишта.
Работење
• Не користете остри предмети какви
што се бургија или клин за да го
притиснете или раздвоите моторот.
Тоа може да предизвика струен удар
или повреда.
• Само овластен сервисер од
Центарот за сервис на LG Electronics
смее да го расклопува, поправа
или модифицира производот.
Несоодветниот сервис може да
предизвика повреда, струен удар
или пожар.
• Не прскајте вода во внатрешноста
или на надворешноста за да го
исчистите производот. Водата
може да ја оштети изолацијата,
предизвикувајќи струен удар или
пожар.
• Областа под и околу вашите апарати
треба да биде чиста од запаливи
материјали какви што се прашина,
хартија, крпи, хемикалии итн.
Неправилната употреба може да
предизвика пожар или експлозија.
• Не ставајте во производот живи
животни, како на пример домашни
миленици. Тоа може да предизвика
повреда.
• Не оставајте ја вратата на овој
апарат отворена. Децата може да се
нишаат на вратата или пак да влезат
во апаратот и да предизвикаат штета
или да се повредат.
05

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

F12u2qdn5F12u2tdn5F14u2tdn0

Table of Contents