Bosch 13.5159.0060 Original Instructions Manual page 126

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
126 | Македонски
Приказ на измерената вредност и помош при
израмнување
Измерената вредност (e) се ажурира при секое движење на
мерниот уред. По поголеми движења на мерниот уред,
почекајте со читањето на измерената вредност, додека не
стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената
вредност и мерната единица ќе се прикажат на екранот
свртени за 180°. Притоа приказот се чита и при работење на
плафон.
Мерниот уред прикажува со помош при израмнување (a) на
екранот, во која насока мора да се закоси, за да се постигне
целната вредност. При стандардните мерења, целната
вредност претставува хоризонтала одн. вертикала, во
функцијата Hold/Copy зачувана мерна вредност.
Ако се постигне целната вредност, се бришат стрелките на
помошта при израмнување (a) и при вклучениот сигнален
тон се огласува континуиран тон.
Мерни функции
Задржување/пренос на измерена вредност
Со копчето Hold/Copy (11) може да се управуваат
2 функции:
– Задржување (Hold) на една измерена вредност, дури и
кога мерниот уред дополнително се поместува (на пр.
бидејќи мерниот уред е во позиција, каде екранот е тешко
читлив);
– Пренесување (Copy) на измерена вредност.
Функција Hold:
– Притиснете го кратко копчето Hold/Copy (11).
Актуелната мерна вредност (e) се задржува на екранот и
се зачувува, индикаторот H трепка.
– Притиснете го копчето Hold/Copy (11) одново, за да се
заврши функцијата Hold. Зачуваната вредност се брише.
Нормалното мерење се продолжува.
Функција Copy:
– Притиснете го долго копчето Hold/Copy (11). Актуелната
измерена вредност (e) се копира и индикаторот H
постојано ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го кратко копчето Hold/Copy (11).
Зачуваната мерна вредност (e) се прикажува на екранот и
индикаторот H трепка.
– Поставете го мерниот уред на целното место, каде што
треба да се пренесе измерената вредност. Притоа не е
важно израмнувањето на мерниот уред. Упатствата за
израмнување (a) ја покажуваат насоката, во која треба да
движи мерниот уред, за да се постигне копираната
косина. При постигнување на зачуваната косина, се
слуша сигнален тон, упатствата за израмнување (a) се
гасат.
– Одново притиснете го кратко копчето Hold/Copy (11), за
враќање на нормалното мерење. Индикаторот H
постојано ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го долго копчето Hold/Copy (11), за да ја
зачувате нова вредност.
– За да се брише Hold-вредност, притиснете кратко на
копчето за вклучување/исклучување (9).
Проверка на точноста и калибрирање на мерниот
уред
Проверка на мерната точност (види слика B)
Проверете ја точноста на мерниот уред пред критични
мерења, по големи температурни промени како и по јаки
удари.
Пред мерењето на косини < 45° проверката треба да се
изврши на рамна, хоризонтална површина, а пред мерењето
на агли > 45° на рамна, вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
одн. на вертикална површина.
Изберете ја мерната единица ° (види „Замена на мерна
единица (види слика A)", Страница 125).
Почекајте 10 s и потоа забележете ја измерената вредност.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска.
Одново почекајте 10 s и забележете ја втората измерена
вредност.
Калибрирајте го мерниот уред, само доколку
u
разликата меѓу двете мерни вредности е поголема од
0,1°.
1 609 92A 7M2 | (28.04.2022)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gim 120Professional gim 6013.5159.1200

Table of Contents