Bosch GIS 1000 C Professional Original Instructions Manual page 308

Hide thumbs Also See for GIS 1000 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
308 | Македонски
Работа со батерија
(не кај број на артикл 3 601 K83 370) (види слика B)
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонскиот акумулатор што се користи
за Вашиот мерен уред.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
 По автоматското исклучување на мерниот уред, не
притискајте на копчето за вклучување-
исклучување. Батеријата може да се оштети.
За ставање на наполнетиот акумулатор 30 притиснете го
истиот во отворот за акумулатор 29, додека не се вклопи
правилно и не легне рамно со дршката на мерниот уред.
За вадење на акумулаторот 30 притиснете на копчињата
за отклучување 3 и извлечете го акумулаторот од отворот
29. Притоа не употребувајте сила.
Работа со батерии (3 601 K83 370) (види слика C)
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 31
притиснете на копчињата за отклучување 3 и извадете го
поклопецот на преградата за батерии.
При ставањето на батериите, внимавајте на половите,
според сликата на поклопецот од преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии
31 и вклопете го правилно.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост g на екранот ја
покажува состојбата на наполнетост на батериите одн.
акумулаторот 30.
Приказ
Капацитет
>2/3
≤2/3
≤1/3
≤10 %
Менување на батериите одн.
акумулаторот
1 609 92A 0XP | (17/4/15)
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци како и прав и
нечистотија.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Внимавајте на правилната аклиматизација на
мерниот уред. При големи температурни осцилации
времето на аклиматизација може да изнесува до
15 мин.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при
девијации во функционалноста, мерниот уред треба да
се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
 Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, напр. во авиони или болници.
Вклучување/исклучување
Извадете го заштитното капаче 21 од приемната леќа за
инфрацрвена светлина 23 и заштитното капаче 19 од
сензорот за влажност на воздухот и околната температура
5. За време на проц.на работа внимавајте камерата 22,
приемната леќа 23 и сензорот 5 да не се затвор., одн.
покриени, инаку нема да се изврши прец.мерење.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 12 или копчето Мерење 4. На
екранот 18 се појавува стартна секвенца. По стартната
секвенца мерниот уред се наоѓа во режимот на работа
којшто е зачуван при последното исклучување. Ласерите
сè уште не се вклучени.
Исклучиво при првото ставање во употреба, по стартната
секвенца, дополнително се појавува менито „Уред", во
кое може да ги утврдите поставките на мерниот уред како
на пр. јазикот на сите прикази (погледнете во упатството
на „Подмени „Уред"", страна 314). Потврдете ги
избраните поставки со притискање на левото функциско
копче 17. Сите поставки можат дополнително да се
променат во подменито „Уред".
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents