Bosch GIS 1000 C Professional Original Instructions Manual page 310

Hide thumbs Also See for GIS 1000 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
310 | Македонски
Мерна површина при мерења на температурата на
површини
Ласерските точки коишто ги емитира мерниот уред го
покажуваат левото и десното ограничување на кружната
мерна површина. При бесконтактно мерење на
температурата на површини ќе се одреди инфрацрвеното
зрачење на оваа мерна површина.
За оптимален мерен резултат насочете го мерниот уред
што е можно повертикално кон средишната точка на
мерната површина.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Растојанието на ласерските точки и со тоа и големината на
мерната површина се зголемуваат со растојанието помеѓу
мерниот уред и мерниот објект (види „Технички
податоци", страна 306). Оптималното измерено
растојание изнесува 0,8 m.
 Не го оставајте мерниот уред директно на жешки
површини. Јаката топлина може да го оштети мерниот
уред.
Доколку ласерските точки не се доволно препознатливи,
можете да ги вклучите Мерн.рамки b на екранот (види
„Мерни рамки", страна 315). Мерните рамки може да се
користат како индикатор за мерната површина и служат за
подобра ориентација.
Во зависност од измереното растојание, мерните рамки
може да отстапуваат од мерната површина. Подрачјето
коешто се наоѓа помеѓу ласерските точки е одлучувачко за
мерењето.
Напомени за мерните услови
Површините со јака рефлексија или сјајните површини (на
пр. сјајни плочки или блескавите метали) можат да го
попречат мерењето на температурата на површините. По
потреба, облепете ја мерната површина со темна, мат
леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина.
Оставете ја лентата да се темперира на површината.
При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот
мерен агол, за да не се фалсификува резултатот поради
рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти.
На пример, при вертикални мерења од предната страна,
рефлексијата на Вашата телесна топлина може да го
попречи мерењето.
Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло
или транспарентна пластика) не е возможно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и
посигурни доколку се подобри и постабилни мерните
услови.
Сензорот за влажност на воздухот и околната температура
5 може да се оштети поради хемиски штетни материи како
на пр. испарувања на лакови и бои. Инфрацрвеното
мерење на температурата се попречува поради чад, пареа
или правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата,
особено доколку воздухот е нечист или полн со пареа.
1 609 92A 0XP | (17/4/15)
По проветрувањето оставете ја просторијата да се
истемперира, додека не се постигне вообичаената
температура.
Околната температура и релативната влажност на
воздухот се мерат директно на мерниот уред со сензорот
за влажност во воздухот и околната температура 5. За да
добиете уверливи резултати, не го држете мерниот уред
директно над или под извори на пречки како греење или
отворени течности. Во никој случај не го покривајте
сензорот 5.
Мерни функции
Стандарден екран со прикази
a
v
u
t
s
k
r
q p
a Датум/време: види „Време/дат.", страна 314
b Мерни рамки: види „Мерна површина при мерења на
температурата на површини", страна 310
c Приказ на состојба:
Мерниот уред е подготвен за мерење,
притиснете на копчето Мерење 4.
(Континуираното) мерење тече, ласерите се
вклучени.
Мерењето е завршено, ласерите се исклучени,
мерните резултати се фиксни.
d Приказ Сигналниот тон е исклучен (види „Сигн.тон",
страна 314)
e Приказ Степен на зумирање: види „Подесување на
степенот за зумирање", страна 309
f Приказ Bluetooth® е вклучен (види „Пренесување на
податоци преку Bluetooth®", страна 313)
g Приказ на состојба на наполнетост: види „Приказ на
состојбата на наполнетост", страна 308
h Функционален приказ/измерена вредност: релативна
влажност на воздухот
i Функционален приказ/измерена вредност: околна
температура
j Функционален приказ/резултат: температура на точка
на росење
k минимална/максимална измерена вредност:
температура на површината за време на мерниот
процес
l Скала со резултати
b
c
d e
f g
o
n
m
Bosch Power Tools
h
i
j
k
l

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents