LG K220 User Manual page 904

Hide thumbs Also See for K220:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна единица
позната како специфична апсорпциона стапка или SAR. Тестот за SAR се
спроведува со употребување на стандардни методи при кои уредот емитува на
највисокото потврдено енергетско ниво на сите користени фреквентни појаси.
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни модели на LG уреди,
сите тие се дизајнирани да ги задоволат релевантните мерки за изложување на
радиобранови.
Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за заштита од
нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 2 W/kg во просек на 10 грама ткиво.
Највисоката вредност на SAR за овој модел тестиран при поставување на уво
изнесува 0,665 W/kg (10 g), а при поставеност на тело изнесува 1,380 W/Kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при користење во
нормална позиција наспроти увото или при поставување најмалку на 5 mm
оддалеченост од телото. При користење на футрола, прицврстувач за ремен
или држач за носење на телото, тие не треба да содржат метал и треба да
бидат поставени најмалку на 5 mm оддалеченост од телото. За пренесување
на податочни фајлови или пораки, на овој уред потребно му е квалитетно
поврзување со мрежата. Во некои случаи, пренесувањето на податочни
фајлови или пораки може да биде одложено додека не се воспостави такво
поврзување. Придржувајте се до горните инструкции во однос на растојанието
сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
Користете единствено оригинални LG батерии, полначи и дополнителна
опрема кои се одобрени за употреба со овој конкретен модел на уред.
Користењето на какви било други видови може да го поништи одобрението
или гаранцијата која се однесува на уредот и може да биде опасна.
Одредени содржини и илустрации може да се разликуваат од вашиот уред без
претходно известување.
Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван сервисер доколку
е потребна негова поправка.
Поправките извршени под гаранција, по проценка на LG, може да вклучат
делови или електронски плочи за замена кои ќе бидат нови или репарирани,
доколку тие имаат еднаква функционалност со оние делови кои се заменуваат.
Уредот држете го подалеку од електрични уреди како на пр. телевизори,
радиоприемници и компјутери.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
6

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lg-k220

Table of Contents