LG K220 User Manual page 907

Hide thumbs Also See for K220:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Избегнете оштетување на слухот
За спречување на можното оштетување на слухот, немојте да
слушате со голема јачина на звук подолги периоди.
Доколку подолг период бидете изложени на гласен звук, може да настане
оштетување на вашиот слух. Ви препорачуваме вклучувањето и исклучувањето
на апаратот да не го вршите блиску до вашето уво. Исто така ви препорачуваме
јачината на звукот кај музиката и повиците да ја одржувате на разумно ниво.
Кога користите слушалки, намалете ја јачината на звукот ако не можете да го
слушате зборувањето на луѓето во ваша близина, или ако лицето кое седи до
вас може да го чуе она што го слушате.
Преголемиот звучен притисок од слушалките за во уши и слушалките за
на глава може да предизвика оштетување на слухот.
Стаклени делови
Некои делови на мобилниот телефон се изработени од стакло. Стаклото може
да се скрши доколку мобилниот телефон падне на тврда површина или прими
силен удар. Доколку стаклото се скрши, не допирајте го и не обидувајте се да го
отстраните. Не употребувајте го мобилниот телефон додека стаклото не биде
заменето од страна на овластен сервисер.
Подрачје на минирање
Не употребувајте го уредот додека во тек е минирање. Придржувајте се на
ограничувањата и следете ги прописите или правилата.
Подрачја на можни експлозии
Не употребувајте го уредот на места каде се полни гориво.
Не употребувајте го во близина на горива и хемиски средства.
Не пренесувајте или чувајте запаливи гасови, течности или експлозивни
материјали во истиот дел на возилото во кој го чувате уредот или
дополнителната опрема.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
9

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lg-k220

Table of Contents