LG K220 User Manual page 926

Hide thumbs Also See for K220:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Внимавајте да го користите USB-кабелот испорачан како основен додаток.
Кога поврзувате USB кабел, проверете дали иконата на кабелот е
насочена нагоре. Поврзувањето на кабелот на погрешен начин може да
го оштети уредот.
Внимавајте да користите полнач, батерија и кабел за полнење одобрени
од LG. Полнењето на батеријата со полнач од трета страна може да
предизвика експлозија на батеријата или да го оштети уредот.
Користењето на уредот кога тој се полни може да предизвика
електричен удар. За да го користите уредот, прекинете го полнењето.
Со производот се испорачува адаптер за полнење кој поддржува брзо
полнење. Функцијата за брзо полнење може да не функционира ако се
користи адаптер за брзо полнење различен од оној што се испорачува
со производот.
Откако уредот целосно ќе се наполни, откачете го полначот од
приклучокот на електричната мрежа. Тоа спречува непотребна
потрошувачка на електричната енергија.
Друг начин за полнење на батеријата е со поврзување на уредот со
десктоп или лаптоп компјутер преку USB-кабел. За тоа може да биде
потребно повеќе време од полнењето на батеријата на вообичаениот
начин.
Не полнете ја батеријата користејќи USB-размножувач кој не може да го
одржува номиналниот напон. Полнењето може да биде неуспешно или
ненадејно да прекине.
Ефикасно користење на батеријата
Работниот век на батеријата може да се намали доколку истовремено и
постојано држите стартувани многу апликации и функции.
Прекинете ги операциите што се одвиваат во заднина за да го зголемите
работниот век на батеријата.
За да ја намалите потрошувачката на батеријата, следете ги следниве
совети:
Исклучете ги мрежните функции за Bluetooth® или Wi-Fi кога не ги
користите.
Основни функции
28

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lg-k220

Table of Contents