•
Сензор за близина/амбиентно светло
- Сензор за близина: Сензорот за оддалеченост го исклучува екранот
и ја оневозможува функцијата за допир кога уредот е во близина на
човечкото тело. Тој повторно го вклучува екранот и ја овозможува
функцијата на допирање кога уредот е надвор од даден опсег.
- Сензор за амбиентно светло: Сензорот за амбиентно светло го
анализира интензитетот на амбиентното светло кога е вклучен
режимот за автоматска контрола на осветленоста.
•
Копчиња за гласност
- Служат за нагодување на гласноста на тоновите на ѕвонење,
повиците или известувањата.
- За да снимите фотографија, благо притиснете на копче за гласност.
- За да ја стартувате апликацијата Фотоапарат кога екранот
е заклучен или исклучен, притиснете двапати на копчето за
намалување на гласноста (-). За да ја стартувате Сними+, притиснете
го двапати копчето за наголемување на гласноста (+).
•
Копче за вклучување/исклучување/заклучување
- Кратко притиснете го копчето кога сакате да го вклучите или
исклучите екранот.
- Притиснете и држете на копчето кога сакате да изберете опција за
контрола на вклучувањето/исклучувањето.
•
За некои функции може да биде ограничен пристапот во зависност од
спецификациите на уредот.
•
На задната страна на уредот е вградена NFC-антена. Не оштетувајте ја
NFC-антената.
•
Немојте да ставате тешки предмети на уредот или да седите на него,
бидејќи тоа може да го оштети екранот.
•
Фолиите за заштита на екранот или додатоците можат да пречат на
сензорот за близина.
•
Ако вашиот уред е влажен или се користи на влажно место, сензорот на
допир или копчињата може да не функционираат правилно.
Основни функции
22