LG K220 User Manual page 905

Hide thumbs Also See for K220:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Уредот држете го подалеку од извори на топлина како што се радијаторите и
шпоретите.
Не дозволувајте да ви падне телефонот.
Немојте да го изложувате уредот на механички вибрации или потреси.
Исклучете го уредот на места каде тоа се бара со специјални прописи. На
пример, немојте да го користите уредот во болници каде уредот може да влијае
на медицинската опрема.
Немојте да ракувате со уредот со влажни раце додека се врши дополнување.
Може да дојде до електричен удар и сериозно оштетување на вашиот уред.
Немојте да го полните телефонот близу до запаливи материјали бидејќи тој
може да стане жежок и да предизвика опасност од пожар.
Користете сува ткаенина за чистење на надворешноста на уредот (немојте да
користите растворувачи како бензол, разредувач или алкохол).
Немојте да го полните уредот кога е поставен на мек мебел.
Уредот треба да се полни во добро проветрена просторија.
Немојте да го изложувате уредот на прекумерни количества дим или прав.
Производот држете го подалеку од кредитни картички или возни билети; може
да влијае на информациите од магнетните ленти.
Не допирајте го екранот со остри предмети, бидејќи тоа може да го оштети
уредот.
Не изложувајте го уредот на течности или влага.
Дополнителната опрема како слушалките користете ја претпазливо. Немојте
непотребно да ја допирате антената.
Немојте да користете, допирате или да се обидувате да отстраните или
поправите скршено, оштетено или пукнато стакло. Оштетувањето на
стаклото не екранот заради груба или неправилна употреба не е покриено со
гаранцијата.
Вашиот уред е електронски уред кој генерира топлина за време на нормалното
работење. Екстремно долгиот директен допир со кожата во отсуство на
соодветна вентилација може да резултира со непријатно чувство и помали
изгореници. Затоа, внимателно ракувајте со производот за време, или
непосредно по користењето.
Ако уредот се наводени, веднаш откачете го напојувањето и оставете го
целосно да се исуши. Не обидувајте се да го забрзате процесот на сушење со
надворешен извор на топлина, како печка, микробранова печка или фен за
коса.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
7

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lg-k220

Table of Contents