Известување за промена на батеријата
•
Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да
предизвика повредување.
•
Менувањето на батеријата од страна на неквалификувани лица може
да доведе до оштетување на вашиот уред.
•
Не ги отстранувајте батериите сами. Батеријата може да биде
оштетена, што може да предизвика прегрејување и повреда.
Батеријата мора да биде заменета од страна на овластен сервисер.
Батеријата треба да се рециклира или да се отстрани одделно од
отпадот од домаќинствата.
•
Доколку производот содржи батерија што е вградена во производот
и што не можат крајните корисници да ја отстранат, LG препорачува
батеријата да ја отстранат само квалификувани професионални лица,
било да е за менување или за рециклирање по истекот на животниот
век на производот. За да спречат оштетување на производот и поради
нивна сопствена безбедност, корисниците не треба да се обидуваат
да ја отстрануваат батеријата и треба да ја контактираат линијата за
помош при услуги на LG или други независни испорачувачи на услуги.
•
Отстранувањето на батеријата значи и расклопување на куќиштето
на производот, исклучување на електричните кабли/контакти и
внимателно вадење на батеријата со специјализиран алат. Доколку
ви се потребни инструкциите за квалификувани професионални
лица за тоа како да ја отстраните батеријата безбедно, посетете ја
веб-страницата http://www.lge.com/global/sustainability/environment/
take-back-recycling.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
12